Свет

ФОТО+ВИДЕО: Се сруши дел од стадионот Ролан Гарос

ФОТО+ВИДЕО: Се сруши дел од стадионот Ролан Гарос

Четвртфиналниот меч на Ролан Гарос помеѓу Јапонецот Кели Никишикори и Французинот Жоа Волфред Цонга на кратко беше прекинат, откако лимена конструкција падна врз публиката.

За време на вториот сет ветерот дувал толку силно што откорнал лимен дел од врвот на големиот екран.

rolan_garos_2

Конструкцијата паднала врз гледачите и неколку од нив, за среќа, поминаа само со полесни повреди. Мечот беше прекинат за да се провери дали е безбедно да биде продолжен понатаму.

rolan_garos

Прекинот не траел долго. На повредените им е укажана помош, а Нишикори и Цонга го продолжија дуелот на стадионот „Филип Шатрије“.