Рускиот град Сочи е поплавен поради поројните дождови. Запре движењето на возовите,а автомобилите се речиси целосно под вода, јавуваат руски медиуми, пренесе МИА.
Тасс јави дека почната е евакуација на населението од две населени места околу Сочи.
Засега нема информации за жртви. Запрено е и доставувањето природен гас, на струја и на вода.