ФОТО+ВИДЕО: Спектакуларна експлозија на вулканот Етна

Вулканот Етна во Сицилија денес спектакуларно експлодира за прв пат во две години. Вулканот испушти огромно количество пепел во атмосферата.

Ерупцијата на вулканот беше проследена од огромни грмотевици, што предизвика секавици на небото.

etna-2

Природниот феномен се појавува кога делови од карпи, пепел и мраз се спојуваат и произведуваат статичен електрицитет.

Етна за последен пат еруптира во 2013-тата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.