(ФОТО+ВИДЕО) Светот се вљуби во државната обвинителка на Крим

Неколку дена пред референдумот, Крим доби нова јавна обвинителка, младата Наталија Поклонскаја (33). Целиот свет е благодарен на оваа кадровска промена, каде што веќе се отвораат страници посветени на нејзините обожаватели.

natalija 1

Не требаше да помине многу време за на интернет да се прошират неколку фотографии на кои згодната Наталија позира во предизвикувачки пози, а на социјалните мрежи е прогласена за најсексапилна обвинителка на светот.

Наталија на Фејсбук доби и службена страница на која обожавателите искажуваат голема почит.

 

 

natalija 2Гласот на Русија пред неколку дена извести за нејзината прва прес конференција на која се појави во војничка униформа.
Пред новинарите, изјави дека исфрлањето на Виктор Јанукович од власт во Украина го смета за противуставен државен удар.