ФОТО+ВИДЕО: Таа има тело за Гинис

Шемика Чарлс пред неколку дена постави нов рекорд во дисциплината „Лимбо“.

Таа може толку многу да се свитка, што може да се провлече под автомобил, без да ја допре подлогата. Притоа таа го витка телото во висина од едно пивско шише.

shemika_2

Сонот на Шемика бил да се впише во Гинисовата книга на рекорди, а за да го постигне тоа, таа тренира и по четири часа дневно. Таа секојдневно патува низ Америка, каде ги изведува нејзините перформанси и ја воодушевува јавноста со способноста на нејзиното тело.

shemika_nasl

Меѓутоа, поради страв од оштетување на скелетот, Шемика барем еднаш неделно посетува киропрактичар, кој ги враќа нејзините колкови на место.

shemika_1

Инаку, станува збор за наследена љубов и флексибилност на телото, затоа што нејзината мајка со години се занимавала со лимбо танц, но поради повреда засекогаш морала да ја промени професијата.