ФОТО/ВИДЕО: Тепачка меѓу членовите на СДСМ пред Влада

Физичка преметка во кампот на СДСМ пред Владата, помеѓу нивни членови и симпатизери, се случила доцна во ноќта во саботата, потврдуваат за Нетпрес очевидци.

Според сведоштвата и материјалите кои ги добивме, имало закани, пцуења, викање, како и чкрипења со автомобили. Вревата на улицата ги разбудила околните станари во близина на Владата.

Очевидците кажуваат дека две групи на млади момчиња, од по десетина, физички се пресметале во кампот на СДСМ, при што во улога на медијатори и помирувачи пристигнале и функционери на партијата кои сакале да го сокријат инцидентот од затекнатите минувачи и околните станари, како и да спречат негово ескалирање.

SDSM_Tepacka_Vlada(a)

– Атмосферата беше вжештена, пред физичката пресметка. Како и секоја вечер, се конзумира многу алкохол, но во саботата се случи и она што беше само прашање на време. Две групи на млади луѓе од кампот се степаа меѓу себе. Едвај ги раздвоија. Тие меѓусебно се навредуваа и етикетираа, се обвинуваа дека не ги бивало, и спомнуваа некакви партиски крила, кој на чива страна бил во партијата, раскажува очевидец на настанот.

SDSM_Tepacka_Vlada(b)

Тој за Нетпрес вели дека на местото на тепачката дошол и Миле Зечевиќ, со цел да ги смирува.

SDSM_Tepacka_Vlada(c)

– Тој беше заедно со свои луѓе тука во кампот, додава очевидецот.

SDSM_Tepacka_Vlada(e)

Ова јасно може да се види и до снимките и видео материјалите до кои дојде Нетпрес, а очигледно е дека се снимени по завршувањето на самиот инцидент. Од материјалите, со кои се потврдува сведочењето на очевидците дека навистина дошло до тензична ситуација пред владата во кампот на СДСМ, се гледа како Зечевиќ се обидува да ја смири тензијата, но и да ги вразуми скараните страни. Други пак, велат дека токму неговите луѓе ја почнале тепачката и тоа физички пресметувајќи се со делот на камперите на СДСМ кои негодувале на однесувањето на Заев и немањето на ефекти од неговото дејствување.

SDSM_Tepacka_Vlada(f)

Луѓето кои подобро ги познаваат состојбите во СДСМ се изрични дека ваквиот инцидент е резултат на фрустрацијата и негодувањето кое постои од работењето на Заев, како и преголемите очекувања што тој ги создаде, а кои не се исполнуваат. Главната причина за разочарувањето во кампот на СДСМ е тоа што неговите бомби немаат ефект и не ја предизвикуваат очекуваната реакција во јавноста, и она што Заев им го ветувал дека многу брзо ќе дојдат на власт. Раздорот покажува дека камперите на СДСМ се неединствени и дека Заев не може да ја исконтролира ситуацијата ниту во сопствениот двор.

Инаку таквото разочарување е надополнето со огромни количини на алкохол кој се конзумира во кампот на СДСМ пред владата, а некои велат дека таму има и кознумирање на недозволени психотропни сустанци, и сето тоа доведува до вакви инциденти кои само го покажуваат неуспехот на Заев да го сврти вниманието со креираните разговори како и немоќта на СДСМ да парира со квалитетна политичка понуда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.