Магазин

(ФОТО+ВИДЕО) Туристичка атракција – Капете се со мечки, вечерајте со лавови

(ФОТО+ВИДЕО) Туристичка атракција – Капете се со мечки, вечерајте со лавови

Соба со зоолошка градина! Капете се со мечки, вечерајте со лавови и хранете жирафа од балконот на вашата соба во најчудниот  хотел во Австралија. Замислете,  да ве будат лавови, да ручате со лемури, па дури и да ја делите бањата со мечки – едно уникатно сместувачко искуство.

Сместена во срцето на политичкиот  главен град на Австралија,  „Jamala Wildlife Lodge“ во Националната зоолошка градина и Аквариумот во Канбера им нуди на гостите вкус на Африка од удобноста на луксузно сместување.

 Распространето  на три локации во зоолошката градина, 18 соби, покрај кои се наоѓа живеалиште на  жирафа  и бунгалови на диви животни, нудат интимно искуство со сите видови на флора и фауна.

24AD2E7E00000578-2909394-image-a-12_1421216060409 24AD2E7600000578-2909394-image-a-14_1421216060427

Сопственикот и оператор на „Jamala Wildlife Lodge“ Ричард Тиндел, вели дека овој сместувачки капацитет е формиран со цел да се едуцираат посетителите за загроениот опстанок на многу животни. 

„Тоа е одлично за животните. Добиваат многу повеќе простор. Тоа е одлично и за јавноста да види и научи нешто. Ова е одлично за туризам и за локалната заедница “, вели тој.

Средствата од „еднаш во животот” во „Jamala Lodge“ ќе бидат пренасочени за  програми за одгледување животни во Зоолошката градина.

Само неколку  метри од езерото Барли Грифин, на затворен и отворен забавен простор, се доловува прекрасен поглед

„Има една соба со безбедносно стакло кое гледа кон резервоар на ајкула, и така луѓето кои престојуваат во таа соба может да бидат во друштво со ајкула. Целата идеја е кога луѓето се тука да има многу  интеракција. Каде и да одат тие се случува да имаат животно прилично блиску до нив” вели Тиндел.

24AD2E8300000578-2909394-Nestled_in_the_heart_of_Australia_s_political_capital_The_Jamala-a-10_1421216060393 24AEBF0F00000578-2909394-image-a-17_1421216060447

Во цената за престојот е вклучена и  посета на Зоолошката градина, како и неколку извонредни јадења, како и оброци со поглед на природно живеалиште на лавови и хиени.

24AEBF3B00000578-2909394-image-a-18_1421216060454 24AEBF4700000578-2909394-Only_metres_from_the_edge_of_Lake_Burley_Griffin_the_indoor_and_-m-1_1421226097707

Видеото може да го погледнете тука