ФОТО+ВИДЕО: Убавините на Дојран прикажани низ модни фотографии

Низ тринаесет модни фотографии и под името „Дојран ресорт“ поставени на големи паноа долж градската плажа во Стар Дојран, од вчера  туристите ќе се информираат за историските обележја  на Општина Дојран.

Dojran exibition 2

Градската Саат -кула, Старата Шеова чешма, и црквата „Св. Илија“  се некои од локациите на кои позираа манекенките од модната агенција „Подиум“: Ивана Гелева, Александра Наумова и Симона Ангеловска, облечени во креации на македонски дизајнери.

Dojran exibition 1

Ова е навистина е нешто ново што се нема случено во Дојран и главниот впечаток е дека станува збор за мошне интересен начин за промовирање и презентирање на убавините на Дојран од една страна меѓутоа и културно и уметничкичките атракции на еден сосема различен начин, непосреден, преку кој може да се види,прочита и да се научи нешто повеќе за Дојран, вели градоначалникот на Опшина Дојран, Борче Стамов.


Изложбата е во организација на Општина Дојран и продукција на Моден викенд Скопје.

Dojran exibition 3

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.