ФОТО/ВИДЕО: Украина се претвори во Канзас, големо торнадо во областа Дњепорпетровск

Неколку села во областа Дњепорпетровск во Украина беа погодени од торнадо

Неколку села во областа Дњепорпетровск во Украина беа погодени од торнадо, јавува Раша тудеј.

Според локалното население, торнадото однело неколку покриви од куќи, дрвја, а риби од реката биле исфрлени наоколу. Населението додава дека тие никогаш во животот не виделе такво нешто.

Најпогодено е селото Волоское во близина на Дњепорпетровск. Торнадото престанало за 15-тина минути, а населението останало во целосен шок. Локалното население вели дека таков временски феномен имаат видено само на телевизија, во емисии за Америка.

Неколку села во областа Дњепорпетровск во Украина беа погодени од торнадо
Неколку села во областа Дњепорпетровск во Украина беа погодени од торнадо

Околу 30 куќи се многу оштетени, а покривот на една куќа бил најден цели шест километри подалеку од неа. Во торнадото од искршено стакло бил повреден еден повозрасен човек.

Торнадото откорна градби, но нанесе штета и на гасоводната мрежа.

Областа била погодена од истиот циклон што предизвика големо невреме во јужна Русија минатата недела, а беше погоден и олимпискиот град Сочи. Градот каде минатата година се одржаа зимските олимписки игри беше поплавен по неколкудневните поројни дождови.