Македонија,Крими хроника

ФОТО/ВИДЕО: Во Ѓорче се уште тензично, улиците блокирани од протестите

ФОТО/ВИДЕО: Во Ѓорче се уште тензично, улиците блокирани од протестите

Речиси пет часа по почетокот на протестите во Ѓорче Петров по улиците се уште се присутни групи граѓаните, од кои поголем дел млади луѓе кои го изразуваат својот револт поради убиството на младиот Ангел Петковски.

Полицијата, истотака, е присутна во голема мера – блокирани се сите приоди кон населбата, а голем број полициски службеници ги обезбедуваат критичните места во Ѓорче на кои би можело да дојде до судир меѓу учесниците во протестите и локалното албанско население.

image (2)

Ситуацијата ја влошуваат одредени групи учесници во протестите кои со различни дезинформации и шпекулации се обидуваат да предизвикаат поголем револт меѓу граѓаните и да се предизвика ескалација.

Иако во медиумите се појавија информации дека има голем број повредени, сепак официијалните информации говорат дека меѓу учесниците во протестот нема повредени, на поврееди се пожалил само еден полицаец.