ФОТО: Викторија Бекам ги изненади сите со стајлингот!

Познатата британска дизајнерка, Викторија Бекам на модната недела во Њујорк успеа да предизвика овации со фантастичната колекција во која доминираа капутите и фустаните. Повеќето посетители таа ги изненади кога на крајот на ревијата се поклони во прилично „кежуал“ комбинација со необичен избор на обувки.

Секако е необично што Викторија, која е фан на вртоглавите високи потпетици одбра рамни патики.

Дизајнерката и тоа како ги следи модните светски трендови, па не можеше да одолее на белите „Адидас Стан Смит“ патики.

Кога се поклони, но и подоцна на улиците низ Њујорк таа ги носеше белите патики во комбинација со парчиња од сопствената колекција.

Прошетката низ Њујорк беше резервирана за модросината ролка и сивкастите свилени панталони.

viktorija

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.