Магазин

ФОТО: Викторија Бекам ќе ја отстрани тетоважата посветена на сопругот

ФОТО: Викторија Бекам ќе ја отстрани тетоважата посветена на сопругот
Викторија Бекам ќе ја отстрани тетоважата посветена на сопругот

Викторија Бекам ќе ја отстрани тетоважата посветена на сопругот. Оваа вест во светските таблоиди предизвика бурни реакции, кои шпекулираат дека тоа значи дека во нејзиниот брак не цветаат рози.

Додека Дејвид Бекам од недела во недела ја зголемува својата колекција на новите тетоважи посветени на членовите на неговото, семејство, неговата сопруга сака да се реши од овие украси на телото.

Викторија Бекам со помош на ласерски третман ќе ја отстрани тетоважата посветена на нејзиниот славен сопруг. Се работи за реченица на хебрејски јазик која гласи:

Јас му припаѓам на саканиот и мојот сакан ми припаѓа мене, која е испишана долж р’бетот.

викторија1

Избледените букви само се наѕирале на нејзиниот грб, кога креаторката била видена пред нејзината ревија на Модната недела во Њујорк.

Инаку ова не е единствена тетоважа, што Викторија се одлучи да ја отстрани во изминатите месеци. Таа ја отстрани датата на обновата на нивните брачни завети, како и фразата „повторно од почеток“ напишана на латински, која ја истетовира кога нејзиното семејство се пресели во Америка во 2007.

Иако многумина сметаат дека ова е знак дека во бракот на Викторија Бекам не цветаат рози, дел од медиумите пишуваат дека таа се одлучила на овој чекор за колегите во модната индустрија да ја сфатат посериозно.

викторија2