ФОТО: Висока мода во бело – ревија на младите идни модни дизајнери

Матурантите на отсекот Текстил и облека од средното уметничко училиште Лазар Личеноски со завршна модна ревија го презентираа својата креативност и инспирација. Ревијата беше дел од Завршната изложба на училиштето, каде сите отсеци се претставија со свои дела пред присутните.

r

Македонија има иднина во модната индустрија. Креативност, интересни идеи и неконвенционално размислување – се дел од впечатоците по вчерашната ревија. Истата беше инспирирана од белата боја и имаше за цел да претстави модели кои ќе треба да ги покажат идеите на учениците, наместо да се концентрираат на квалитетот на материјалите на изработка.

r1

„Модната ревија не беше направена со цел да се направат модели кои би се продавале. Работејќи ја ревијата, сакавме од евтини материјали да ја претставиме фантазијата на учениците и да ги натераме да размислуваат „по лудо”. Едноставноста на избраниот материјал дозволи од него да направиме многу трансформации, а бидејќи одбравме да одиме повеќе на игра со форма, место презентација на текстилен квалитет, го добивме токму тоа што сакавме. Верувам дека ќе продолжиме и понатаму со оваа пракса на креирање на видлив финален производ со матурантите како мотивација за нивна понатамошна професионална надоградба. Верувам дека со нивното понатамошно образование, ќе добиеме добар стручен кадар во оваа област”, изјави Лира Грабул, наш истакнат костимограф и професорор на отсекот за Текстил и Облека при училиштето.

r2

Интересно е да се напомене дека практиката на реализација на модна ревија со матурантите на отсекот Текстил и облека е возобновување на практиката која долги години била традиција за училиштето. Имено, училиштето е повеќекратен добитник на награди за ревии..

r2

Училиштето Лазар Личеноски е единственото училиште од овој тип во Македонија, па ова беше одлична презентација на „креативниот капацитет” со кој располага училиштето, а со тоа и земјата во целина.

r4

r5

r6

r7

r9

r10

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.