Македонија

Фото: Во Битола се чисти на 15 локации

Фото: Во Битола се чисти на 15 локации

Во соработка со јавните претпријатија и неколку градежни фирми од градот, општина Битола и оваа година е дел од националната акција „Македонија без отпад 2014“. Во рамките на акцијата под координација на општинскиот инспекторат во Битола се чисти на 15 локации каде што се лоцирани диви депонии.

gubre 2

„Ова е една голема акција за чистење на дивите депонии во урбаниот и руралниот дел на општината. Оваа акција најмалку два пати годишно се реализира, а доколку овие денови не се заврши акцијата Комуналец ќе продолжи да работи и следните денови. За жал сеуште има несовесни граѓани кои го фрлаат сметот на места кои не се за тоа“,изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

gubre 3

Во идниот период продолжуваат интервенциите на општинската комунална инспекција, која нема да дозволи толеранција на загадувачите. Пред започнувањето на овие акции за чистење, пред околу 10 години, во Битола беа лоцирани над 100 диви депонии.

gubre 5