ФОТО: Во Дубаи наскоро тенис под вода?

Полскиот архитект Кристоф Котала во моментов работи на неверојатен проект и се надева дека наскоро ќе најде инвеститори за да оваа негова идеја стане реалност.

Котала има намера во близина на морското крајбрежје во Дубаи да изгради подводни терени за тенис. Тој изјави дека го завршил иницијалниот дизајн, но мора да направи дополнителни напори за да привлече инвеститори, кои ќе треба да вложат поголема сум на пари за да може овој проект да се реализира.

tenis1

-Се уште не сум пронашол инвеститори, но сметам дека ова е одлична идеја која ќе привлече интерес, изјавил Котала за „Арабиан бизнис“.

tenis3

Во Дубаи е планирана изградба на неколку објекти под вода, а оваа недела соопштени се детали за вилите кои треба да се изградат под морето. Според планот, тоа всушност ќе бидат пловни објекти, комбинација на вили и јахти, од кои еден дел ќе биде под, а другиот над вода. Оној кој сака да поседува нешто вакво ќе мора да издвои околу 1,36 милиони долари.