ФОТО: Во Индија се роди дете со четири раце и нозе

Дете со четири раце и четири нозе се роди во Индија. Индијците го нарекоа „Божјо дете“.

Иако момчето е родено со хендикеп, неговите родители биле пресреќни затоа што наликува на богот Хинду.

– Иако персоналот од болницата вели дека детето е родено деформирано, сигурен сум дека тоа е знак од Бога, вели еден роднина. Всушност тоа е чудо, тоа е божјо дете. Индиските богови имаат неколку пара раце и нозе, токму како нашето момче. Полицаецот кој се обидува да се избори со љубопитната толпа вели „сето тоа е трагично“. Тој вели дека стотина луѓе на сред улица се молат и плачат, а некои од нив дури веруваат дека тоа е знак оти доаѓа крајот на светот. Се верува дека состојбата во која се наоѓа момчето е резултат на нарушување наречено „близнак паразит“. Пред да се родат, нивните фетуси како и кај обичните близнаци се поврзани со главите, абдоменот или нозете. Но кај обичните во еден момент доаѓа до разделување на деловите од телото, додека кај паразит близнаците тоа никогаш не се случува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.