ФОТО: Во Куманово мирно со зголемено присуство на полицијата

Дел од улиците во Куманово од ноќеска се блокирани за сообраќај. Забележливо е зголемено полициско присуство на улиците „11 Октомври„ и „Тодор Велков“ во центарот на Куманово.

kumanovo-sl4

Во овој дел од градот лоцирани се повеќе клучни објекти, државни и локални институции и установи.
Вработените во институциите лоцирани на улицата „11 Октомври“ потврдуваат дека се на своите работни места и оти работата тече непречено.
kumanovo-sl2
kumanovo-sl3
Помошник министерот за односи со јавност во МВР Иво Котевски за МИА информира дека се преземаат мерки за безбедност во Куманово.
kumanovo-sl5
ФОТО: Press24