ФОТО: Во нападите во Минхен убиени тројца косовски Албанци?

Косовските медиуми пишуваат дека тројца косовски Албанци се меѓу жртвите од вчерашниот терористички напад во Минхен, во кој животот го загубија 9, а повредени се 16 лица.

Според порталот Gazeta Express, во Минхен настрадале 21-годишниот Дијамант Заберѓа, чија смрт ја потврдил неговиот татко на Facebook.

Претходно во текот на ноќта се дозна за уште две косовски жртви во минхенскиот трговски центар – Сабина Суљај, за која нема податоци за возраста и 14-годишната Армела Сегаши.

dve

Напаѓачот подоцна беше пронајдени мртов, откако најверојатно се самоубил, а неговите мотиви засега не се познати.

dijamant