ФОТО: Во Прилеп одбележани 103 години од смртта на Пере Тошев

Делегација од Општина Прилеп, Советот на Општина Прилеп, Сојузот на борци, претставници од политичките партии и група на граѓани денеска положија свежо цвеќе на гробот и пред споменикот на Пере Тошев одбележувајќи 103 години од смртта на познатиот македонски револуционер.

pp_pere (4)

Градоначалникот Ристески во изјава за медиумите истакна дека Прилеп и Македонија се горди што имаат таков великан, непоколеблив борец за идеите за независна и самостојна Македонија, идеали кои ги следат новите генерации Македонци со новите приоритети.

pp_pere (3)

Пере Тошев е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, совеста на револуционерна Македонија и национален херој.

pp_pere (2)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.