Македонија

ФОТО: Во Рим беше отворена манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“

ФОТО: Во Рим беше отворена манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“

о повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители „Св Кирил и Методиј” вечерва во Рим се одржа традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“, пренесува МИА.

Во рамки на културната манифестација, која  беше свечено отворена од претседателот на Владата, Никола Груевски, е поставена и изложба на автентични македонски копаничарски дела.

Премиерот Груевски во своето обраќање истакна дека Република Македонија и годинава, по 47-ми пат дава свој придонес во чествувањето на големите словенски просветители, потврдувајќи ги уште еднаш добрите врски меѓу Република Македонија, Ватикан и Република Италија.

g1

– Знаејќи дека цивилизациски дострел на секоја општествена заедница е грижата, заштитата и промоцијата на културните вредности кои останале од минатото, денес во чест на Свети Кирил, ја отвораме изложбата „Македонска резба–традиција и континуитет” преку која ја презентираме богатата македонска култура, овој пат издлабена и зачувана во раскошната македонска резбa, рече Груевски.

g2

Тој посочи дека резбаните ракотворби се создавани во еден од главните центри на уметноста во Македонија, градот Охрид, во познатата охридска резбарска школа, чија традиција е навистина богата и претставува синтеза од уметнички континуитет на скапоцената семејна традиција пренесувана од колено на колено, а длабоко инспирирана од славната дебарско-мијачката школа.

– Експонатите кои се дел од ова изложба претставуват слоевит приказ на македонската резба, значаен сегмент од големото културно наследство, рече Груевски.

Тој се задржа и на значајноста на делувањето на Св. Кирил и Методиј и нивната значајна општествена улога.

– Нивната просветителска улога на културен и на религиозен план, претставува порта низ која голем број народи влегоа и се издигнаа, а нивната мисија ја задолжи целата христијанска цивилизација, а посебно македонската држава како место во кое поминаа најголем дел од својот живот. Токму затоа, Македонија со гордост и задоволството го одбележува и чествува споменот на Светите браќа Кирил и Методиј, додаде Груевски.

Во рамки на манифестацијата се обрати и министерката за култура Елизабета Качевска – Милевеска, која истакна дека на изложбата се презентирани врвни уметнички дела на 11 автори, современи охридски резбари од четири различни генерации.

g4

– Тие резби преставуваат 35 ремек дела кои датираат од 14 до 20 век и кои говорат за мајсторството, инвентивноста и креативноста на македонските резбари кои создавале одлични уметнички примероци. Овие експонати се дел од богатата ризница на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид, посочи Канчевска – Милевска.

Таа рече дека Република Македонија безмалку 5 децении преку манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ традиционално е дел од глобалното чествување на словенските просветители кои несомнено преку својата мисија го поврза Истокот и Западот и оставија богато наследство за човештвото.

g5

Владината делегација предводена од претседателот на Владата Никола Груевски во текот на утрешниот ден ќе го посетат вечното почивалиште на Свети Кирил во црквата Сан Клементе во Рим и ќе присуствуваат со молебенот со кој ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.


g6

g8