ФОТО: Во Скопје осамнаа графити за Заев на албански

Графити на албански јазик со пораки до опозицискиот лидер, Зоран Заев осамнаа во Скопје.

„Заев за премиер“ и „Те сакам Заев“  е содржината на графитите напишани на албански јазик.

g1

Пораки до лидерот на СДСМ доаѓаат по неговото гостување на косовска телевизија каде ги покажа своите антимакедонски ставови и позиции. Во интервјуто за косовската телевизија Заев вети воведување на изучување на задолжителен албански јазик во градинките, основните и средните училишта. Според изјавите на лидерот на СДСМ тој спорот со името ќе го решава преку мултиетничноста која, како што вели тој, ќе биде критериум во преговорите.

Графитите на албански јазик со пораки до Заев доаѓаат и по неговата посета во кумановската Дива населба и селфи фотографиите со Албанците само еден ден по терористичкиот напад.

На протестот на 17. мај пред Владата на Република Македонија, организиран од СДСМ, поддршка дадоа и лица кои скандираа „УЧК“, вееја знамиња и носеа маички со Голема Албанија.

g2

g3

g4