четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

ФОТО: Во тренд е лежерна фризура за која не треба премногу труд

frizura-vo-rolka-naslovna

Поврзани вести

Во џемпер, во јаката од кошулата, во ролка, во шал… Воопшто не е важно, но важно е вашата коса потполно или делумно лежерно да биде вовлечена во горното парче облека што го носите.

frizura-vo-rolka-1

Долгата коса ви дава прилика да ја стилизирате на неколку различни начини. Можете да направите кадрици, да направите дамска или се попопуларната растурена пунџа, да направите плетенка или да си играте со необичните опавчиња. Мора да признаете дека ова може да биде повеќе од забавно!

frizura-vo-rolka-2

Но од друга страна, долгата коса бара многу повеќе внимание од кратката и почесто се мрси и се валка. Доколку немате доволно време да направите пунџа или кадрици, следниот тренд би можел да биде ваш спас во деновите кога сте мрзеливи или кога немате слободно време.

frizura-vo-rolka-3

Најефектниот и најлесен начин да го постигнете овој изглед: Вооружете се со ролка, со џемпер што има поголема јака или со голема марама и само уфрлете ја косата во неа, така што ќе изгледа како да сте ја скратиле во паж фризура.

Најчитани вести