ФОТО: Во верижен судар на 50 автомобили едно лице загина, 30 повредени

Едно лице загина, а 30 се повредени во верижен судар на 50 автомобили во централна Словенија, по снежното невреме, проследено со силен ветер, пренесе МИА.

slovenija_2Во несреќата загина 25-годишен државјанин на Швајцарија, а во болница во Љубљана се примени 14 лица, од кои тројца се тешко ранети, а еден е во критична состојба.

Несреќата се случила на магистралата А1, која ја поврзува Љубљана со јадранското крајбрежје.

Според првичните информации причина за несреќата е снежното невреме, кое ја намалило видливоста на пет метри.

Полицијата соопшти дека возачите едноставно ништо не гледале пред себе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.