ФОТО: Во затвор ослабел 140 килограми

Триесет и двегодишниот Дејан Вуковиќ, нарекуван Супер Беба, кој од минатата година е во затвор во БиХ за една година и два месеца ослабел 140 килограми.

Многумина кои го познаваат Вуковиќ оваа информација и неговиот нов изглед ги шокираше, особено поради тоа што е општо познато дека повеќето од затворениците во затвор се здебелуваат.

a1

Дека Супер Беба ослабел 140 килограми, потврди и неговиот адвокат Омар Мехмедбашиќ.

– Вуковиќ поради прекумерената тежина имаше здравствени проблеми, а сега успеа, не знам на кој начин, да ослабне 140 килограми. Не беше на операција. Но, искрено, јас не сум навикнат да го гледам слаб, и веднаш штом ќе излезе на слободен викенд го носам на бурек, рече низ смеа неговиот адвокат.