среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

ФОТО: Во завршна фаза фитнес паркот во Штип

fitnes-park-stip-640x360

Последни вести

Поставени се справите и реквизитите во првиот фитнес парк кој заеднички го прават Општина Штип и Агенцијата за млади и спорт. Вредноста на проектот е над 25.000 евра а средствата се обезбедени преку Агенцијата за млади и спорт.

– Обврска на Општината и ЈП „Стипион“ е да го уреди просторот околу фитнес паркот а во следна фаза предвидена е конструкција на скејт парк и кошаркарско игралиште. Голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт, што го стави Штип на мапата за конструирање на фитнес паркови – изјави Драган Ристов, советник за односи со јавност.

fitnes park stip2

Фитнес паркот се наоѓа до пешачката патека зад Исарот која беше конструирана во 2014 година. Овој дел од патеката е предвидено да биде соодветна спортско-рекреативна зона. Имајќи во предвид дека објектот е во издвоен дел од градот, новинарите се интересираа за неговата безбедност.

fitnes park stip1

– Луѓето прашуваат, дали ова ќе опстои, дали ќе се зачува. Ние како општина градиме и сето ова е за граѓаните. Се надеваме дека фитнес паркот ќе се чува и оддржува бидејќи е за сите нас, за младите кои добиваат место за рекреација. Општината најверојатно ќе го даде паркот на стопанисување на некој спортски клуб кој ќе се грижи за паркот а за почеток ќе има обезбедување и општината ќе го огради фитнес паркот. Впрочем, на патеката има голема фреквенција на луѓе преку цел ден, посебно во вечерните часови, но сепак апелираме ова да се чува – додаде Ристов.

fitnes park stip3

Агенцијата за Млади и спорт до сега конструираше две мултифункционални игралишта во Штип вредни околу 250.000 евра. Лани Агенцијата за Млади и спорт го конструираше првиот двоен терен за тенис а во тек е конструкција и на вториот со што се отвора можност за тениска академија во Штип.

Најчитани вести