ФОТО: Во завршна фаза изградбата на кружниот тек во Автокоманда

Градоначалниците на Град Скопје и Општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска извршија увид во градежните работи на изградбата на кружниот  тек меѓу улиците „16. Македонска бригада“ и „Коце Металец“, во населбата Автокоманда.

Во завршна фаза изградбата на кружниот тек во Автокоманда
Во завршна фаза изградбата на кружниот тек во Автокоманда

Со овој проект ќе се изгради нов кружен тек меѓу улиците „16. Македонска бригада“ и „Коце Металец“ со дијаметар на средишниот зелен појас од 60 метри, додека во самиот кружен тек ќе се формираат 2 (две) сообраќајни ленти со вкупна ширина од 9 метри. Како дел од овој проект, ќе се изврши и реконструкција на коловозот на улиците „16.Македонска бригада“ и „Коце Металец“ на потег со вкупна должина од 630 метри.

На терен е веќе поставена атмосферската канализација, формирана е новата кружна крстосница која се подготвува за асфалтирање, а завршено е и поставувањето на уличното осветлување. Во моментов се работи на поставување на тротоарите каде што се редат бекатон-плочки. Овој нов кружен тек ќе придонесе за побрзо и побезбедно одвивање на сообраќајот и очекувам градежните работи да бидат целосно завршен во јуни, кажа Трајановски.

Во завршна фаза изградбата на кружниот тек во Автокоманда
Во завршна фаза изградбата на кружниот тек во Автокоманда

Градоначалникот Трајановски се осврна и на преоостанатите инфраструктурни проекти кои во моментов се реализираат од Градот Скопје.

Градот Скопје и оваа пролет ја продолжува градежната офанзива во сите 10 општини за помодерно и поурбано Скопје. Деновиве интензивно се прошируваат улици и булевари, се градат кружни текови, се поставуваат водоводни, канализациски и атмосферски мрежи, се санираат мостови, се градат фискултурни сали и се уредуваат велосипедски патеки. Со сите овие проекти кои се реализираат на терен, но и оние што допрва ќе започнат, очекувам 2016 да биде една од најуспешните години на Градот Скопје. Покрај изградбата на овој кружен тек, на територијата на Општина Гази Баба во моментов се работи и на големиот проект за реконструкција и проширување на улица „Маџари“, кажа градоначалникот Трајановски.

Во завршна фаза изградбата на кружниот тек во Автокоманда
Во завршна фаза изградбата на кружниот тек во Автокоманда

На изградбата на новиот кружен тек меѓу улиците „16.Македонска бригада“ и „Коце Металец“ работат екипите на градежната компанија „Бауер БГ“, а Градот Скопје за овој градежен зафат ќе потроши околу 45 милиони денари со ДДВ.