ФОТО: „Волците“ и „Ренџерите“ ги презентираа своите боречки вештини, опрема и оружје

Полкот за специјални операции денеска ги отвори вратите за граѓаните, учениците и средношколците кои добија можност одблиску да се запознаат со опремата, техничките и боречките вештени на „Волците“ и „Ренџерите“.

По повод одбележувањето на 20 годишниот јубилеј пред присутните во скопската касарна „Илинден“  се обрати бригадниот командат на полкот за специјални операции Васко Ѓурчиновски.

Slika 2

„Оваа единица е една од најподготвените во Република Македонија, како и во поширокото опкружување. Персоналот во кој е вложувано континуирано во овие 20 години, е клучен показател за оспособеноста. Нашата техничка подготвеност и опремата со која располагаме не заостанува, во согласност со можностите на државата и долгорочниот план за модернизација“, истакна генералот Ѓурчиновски.

Slika 9

Голем број на граѓани, како и ученици и средношколци дојдоа на отворениот ден каде се запознаа со   борбените средства, вооружувањето, техниката и опремата на полкот.

Slika 14

Во дворот на касарната беа изложени дел од борбените моторни возила: оклопен транспортер БТР 80, „хермелин“, неколку типови „хамер“, како и специјални возила. Беше изложена и опремата и вооружувањето со кое раполагаат единиците за нуркање, падобранство и алпинистика.

Армиските „ренџери“ презентираа дел од обуката која се реализира на мултифункционалната алпинистичка кула, која се користи за извежбување за користење на техниката „брзо јаже“ и рапелинг.

Slika 16

Армиските „волци“ и „ренџери“ презентираа и боречки вештини и одбрани од различни видови ладно и огнено оружје, како и техники и остапки во различни ситуации при обезбедување високи воени раководители.  Нивните вежби беа динамични, а посетителите одблиску видоа како тие се справуваат во случај на експлозија, вооружена пресметка, напад и заседа.

Slika 22

За да се стане припадник на полкот за специјални операции, истакна бригадниот генерал Ѓурчиновски, има строго предвидени стандарди за сите категории офицери, подофицери и професионални војници. Првиот е основен, доброволен принцип, за сите кои сакаат да бидат припадници на оваа единица, појасни, има процес на селекција што трае 24 дена и тоа психофизички и воено-стручни елементи, а кандидатите треба да ги исполнат највисоките оценки.

Slika 17

Тој истакна дека единицата за специјални операции е формирана на 1 март 1994 година и е прва во Македонија, но и во поширокото балканско опкружување.

Slika 26