ФОТО: Вонбрачниот син на Шварценегер се повеќе личи на него

Вонбрачниот син на Шварценегер се повеќе личи на него. Актерот долго време криеше дека има вонбрачен син, но со оглед на тоа колку Џозеф Баена личи на татко му, таа тајна секако долго време не би можела да остане скриена.

Ова 18-годишно момче било забележано во Малибу, а сите веднаш забележале дека сличноста со поранешниот гувернер на Калифорнија е неверојатна, особено од периодот кога тој ја толкуваше улогата на Конан од 1982-та година.

Мајката на вонбрачниот син на Шварценегер, Милдред Патриша баена работела како собарка во куќата на актерот во 90-тите. Актерот тогаш бил во брак со Марија Шривер, но со Патриша имал афера. Џозеф е роден во 1997-мата година, но актерот успеал да ја скрие таа тајна се до 2011-тата. Кога вистината излегла на виделина, Марија го напуштила и поднела документи за развод.

Арнолд со Марија има 4 деца, Кетрин (26), Кристина (24), Патрик (22) и Кристофер (18) кој е роден само неколку дена пред Џозеф.

Наводно, Шварценегер не е толку близок со вонбрачниот син колку со останатите деца, но го помага финансиски. Неодамна тој за него и за неговата мајка купил голема куќа со базен во Калифорнија, а за 16-иот роденден на Џозеф му подарил џип вреден 30.000 долари.