Магазин

ФОТО: Вратен фустанот на Нионг, бисерите биле лажни

ФОТО: Вратен фустанот на Нионг, бисерите биле лажни

Актерката Лупита Нионг за кратко остана без бисерниот фустан што го носеше на доделувањето на Оскарите. Но, како што пишуваат светските медиуми, откако крадецот сфатил дека бисерите се лажни го вратил.

fustannn

Лупита во вторникот остана без фустанот на Келвин Клајн којшто беше креиран само за неа. Во фустанот се вткаени 6.000 бисери и беше проценет дека вреди 150.000 долари, но не поради бисиерите тку поради дизајнерското име.

fustannn_2

Имено, крадецот кој го украл фустанот, скинал два бисери и ги однел на процена. Откако сфатил дека бисерите не се вистински, го оставил дизајнерското ремек дело во ќеса за ѓубре во хотелот од каде и го зел. Тој наводно се јавил во редакцијата на порталот TMZ и кажал каде се наоѓа фустанот, додавајќи дека станува збор за безвредна имитација.