ФОТО: Втор поларен вортекс и’ се заканува на Америка

Иако за време на викендот температурите се покачија во заледената Америка, метеоролозите предупредуваат дека уште еден поларен вортекс им се заканува на граѓаните и да се подготват за нови екстремно ниски темпертури.

Blocked: Ice piles up on the Delaware river near Trenton, New Jersey, on Saturday, causing flooding

Престојниот студен бран се очекува да дојде од Арктикот и да донесе студен воздух во јужна Канада, а потоа да се пресели во северниот дел на американската територија. Од таму ниските температури  ќе продолжат низ средниот Запад и Источниот Брег.

Heather Welsh looks across the ice-filled Susquehanna river, near Harrisburg in Pennsylvania on Saturday

Многу области се’  уште се опоравуваат  од екстремните временски услови минатата недела кои ја замрзнаа реката Делавер во Њу Џерси, предизвикувајќи  сериозен  ризик од поплава.

Сообраќајот е блокиран, а неколку илјади  летови низ државата и во странство беа откажани.

Frozen: Arctic air from last week's Polar Vortex caused many parts of the Great Lakes to freeze over

Во ледената доба која ја погоди Америка минатата недела 23 лица го загубија животот.

Поларен вортекс е ветар што преовладува во Арктикот, кој постојано се движи околу Земјата во правец од запад кон исток. Вообичаено, вортексот  го одржува движењето на екстремно студениот воздух кон Северниот Пол, не дозволувајќи да се прошири кон југ.

The polar vortex last week was so cold that Niagara Falls froze in an incredibly rare occurrence

Повремено, кога силата на вортексот ослабнува, се овозможува  студениот воздух да се спушти преку Канада во САД, или во други региони како што се Источна Европа. Освен што носи студ, воздушната маса исто така може да ја истурка групата на ветрови појужно, кои што обично дуваат од Тихиот Океан во Америка. Во случај да оваа група на ветрови да се спротивстави, влажноста што ќе произлезе ќе предивика обилни врнежи на снег, услови кои според атмосферските научници ја  предизвикале бурата во Вашингтон во февруари 2010 и го блокирала целиот град.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.