ФОТО: Вториот модерен воз на пат кон Македонија

Вториот модерен воз, наменет за Македонски железници пристигнува од Кина.

vtoriot-voz-5

Порталот Курир објави фотографии кои што се направени на солунското пристаниште од каде возот ќе биде транспортиран во Македонија.

vtoriot-voz-3

Предвидено e следната недела возот да пристигне во земјава. Првично ќе сообраќа на релација Скопје-Битола.

vtoriot-voz-4

Станува збор за дизел моторна гарнитура. Следните 4 пристигнуваат сукцесивно, по два. Најдоцна до месец април сите ќе бидат во Македонија.

vtoriot-voz-2

Инаку пред два дена почна да сообраќа и првиот нов воз наменет за Македонски Железници. Повеќе за ова на следниот линк.