Фото: За една година ослабела 57 килограми, била подебела од новогодишната елка

Мајка на две деца ослабела неверојатни 57 килограми за една година бидејќи на минатогодишните фотографии утврдила дека е покрупна од новогодишната елка.

Иако уживала за време на празниците, Саманта Фист се запрепастила кога на фотографиите видела колкави и се стомакот и подбракот, како и колку и е огромно лицето. Затоа си ветила на себе дека до следниот Божик ќе изгледа поинаку.

Кога застанала на вагата, 43 годишната англичанка била запрепастена од цифрата, таа тежела 136, 5 килограми. Таа признава дека може да се сети на моментите кога не била дебела.

samanta-fist-1419342137-52705

„Целото мое семејство ужива во храната, така сум израсната, обожувајќи големи заедниќки оброци и секогаш сум морала да изедам се што имам во чинијата“, вели Саманта.

Но, како последница на сето тоа, нејзината половина се повеќе се ширела и на 18 година имала веќе 95 килограми.

samanta-fist-1419342188-52706

„На мојот сопруг никогаш не му пречеше мојата тежина и затоа не сум се грижела за тоа“, објаснува Саманта која за време на двете бремености се здебелила уште повеќе, бидејќи јадела за двајца.

„Јадев се што ќе посакам. Како да имам дозвола да изедам колку сакам без да чувствувам никаква вина“, додава таа.

samanta-fist-1419342455-52707

Но, сето тоа оставило трага.

Веднаш по Божик таа целосно го променила своето секојдневни. Започнала да се храни здраво и повеќе да се движи.

samanta-fist-1419342543-52708

„Ова ќе биде мој прв „слаб“ Божик кој едвај го чекам. Некогаш се ужаснував кога требаше да си купам свечени фустани, а сега не знам која продавница попрво да отидам. Се престрашив кога ги видов моите фотографии со елката, но мило ми е што мојот сопруг Дејвид ги направи. Сега животот ми е целосно променет. Самодовербата е најдобриот подарок кој можев да го добијам“, вели Саманта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.