Фото: За колку пари во Скопје можете да купите Ајфон 6?

И покрај најавите на компанијата „Епл“ за цената по која ќе се продаваат новите Ајфон 6 и Ајфон 6+, во Македонија овие правила како да не важат.

Имено, според податоците на официјалната страна на „Епл“ цената на новите производи се движи од 199 до 499 долари.

Најевтината верзија на Ајфон 6 нов паметен телефон е 199 долари и има капацитет од 16 GB, а додека пак најскапата е 399 долари со 128 GB.

Ајфон 6 Плус е од повисока класа, за разлика од шестката, паметниот телефон со капацитет од 16 GB се продава за 299 долари, од 64 GB за 399 долари, а додека пак тој од 128 GB за 499 долари.

Но, ова важи во светот.

На социјалните мрежи се појави фотографија во која можете да ја видите цената на продажба во Македонија:

ajfon-6