Магазин

ФОТО: За „само“ 485 долари за вечер можете да патувате и да потонете на „Титаник“

ФОТО: За „само“ 485 долари за вечер можете да патувате и да потонете на „Титаник“

Кинеска компанија сака да им даде на своите посетители можност да патуваат и да потонат на Титаник. Во 2017-та година ќе биде отворена репликата на бродот на која не само што ќе бидат опфатени сите детали на оригиналот, туку истовремено и ќе се направи реконструкција на несреќата.

За цена од околу 485 долари за вечер, посетителите не само што ќе добијат патување, туку исто така ќе имаат можност да уживаат и во луксузни вечери, танцување и забава. Посетителите ќе може да го искусат елитниот живот како во времето на „Титаник“, пишува Пипл Дејли Онлјан.

titanik_2

Сепак луксузните билети ќе бидат околу 30 пати повисоки, и ќе чинат околу 100.000 кинески јуани.

Се планира на бродот се’ да биде автентично, а дури ќе биде искористено и автентичното мени, исто како и во 1912-тата година. Досега се направени околу 20.000 нацрти со цел да се направи совршена реконструкција. Компанијата исто така го консултира и тимот на режисерот Џејмс Камерон кој опсесивно работеше на филмот „Титаник“ од 1997-мата година.

titanik_3

Репликата на „Титаник“ исто така ќе биде во оригинални димензии, а за изградбата компанијата исто така ја консултирала и американската компанија која стои зад изградбата на бродот близнак на „Титаник“, „Олимпик“ кој беше изграден во 1910-тата година.

titanik_4

Репликата во моментов е во изградба, а компанијата Кијинг енерџи инвестмент груп веќе најави дека овој месец ќе бидат пуштени во продажба првите 5.000 билети.