Фото: Зад студентските протести и „Удар“ стои СДСМ

Мери Николова, која беше еден од организаторите на неодамнешните протести под мото „Удар“ пред Собранието на Република Македонија, денеска е во улога на студент на маршот за кој уште еднаш се потврдува дека е инициран и поттикнат од опозицијата преку нејзини активисти и функционери, објавува порталот Курир.

Николова е истакнат член на СДСМ, потвдуваат низа фотографии од партиски состаноци со видни фунционери на СДСМ, со претседателот на партијата Зоран Заев, како и пред седиштето на социјалдемократите. Откако на крајот од октомври ги организираше протестите пред Собранието како “борец против сиромаштијата“, иако подоцна се појавија фотографии кои покажуваат дека таа живее во луксуз, Николова денеска се приклучи и на протестот на студентите.

meri_thumb_medium500_546

-Денес ќе светнат над 10.000 наши студентски сонца. Единството е наш СИМБОЛ, наш ПАТОКАЗ за ДЕМОКРАТСКА ДРЖАВА. О Д И М Е, М А Р Ш И Р А М Е!!!!!!! Јас денес сум СТУДЕНТ, биди и ТИ. – ПРИДРУЖИ СЕ…, стои во постот на Николова објавен пред неколку часа.

Обидот на Николова за „Удар“ пред Собранието беше уште еден груб обид на опозицијата да организира протести преку таканаречени граѓански иницијативи и со тоа да создаде лажна слика во јавноста, иако беше јасно дека организаторите се партиски активисти.

Измиантиве денови, низа активисти, функционери на СДСМ и пропагандисти на СОРОС отворено агитираа да се излезе на денешните протести, а повик кон студентите упати и претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски. Во јавноста нема дилема дека СДСМ и СОРОС имаат ставено раце врз студентите и дека студентските протести се директно инцирани и поттикнати токму од нив.

Професорите се согласни дека воведувањето на идејата за државен испит во високото обраование е неопходна мерка, а поглемиот дел од студентите коментираат дека со оваа реформа конечно ќе се види чии оценки се заслужени, а чија диплома е купена со пари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.