ФОТО: Заев со албанско знаме и кече – маска на струмичкиот карневал

Одлуките на Зоран Заев за двојазичност и федерализација на Македонија како и прифаќањето на Платформата на албанските партии предизвика незадоволство кај огромен број од граѓаните.

Карневалот кој се одржува во Струмица очигледно беше одлично место преку сатира да се долови незадоволството кај граѓаните од одлуката на СДСМ и Заев да ја разнебити државата, да воведе двојазичност во Македонија, двојазични банкноти, воведување на казни за неупотреба на албанскиот јазик до 5.000 евра, двојазични униформи за службените лица во институциите во земјава, па така на карневалот продефилира маска на која Заев е претставен со албанско кече и албанско знаме во рацете.

zaev maska karneval

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.