ФОТО: Заев со Балистите навиваше за Шкендија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев синоќа со фотографија од трибините се пофали дека навива за Шкендија. Секако, Заев мора да нагласи дека секогаш е за успех на Македонија пишува „Курир“.

Шкендија загуби 4:0, па успехот и не е некој голем. Но тоа што повеќе загрижува е кого тоа Шкендија го претставува?

adem

Дури и Заев не напиша дали се наоѓа на стадионот Филип Втори или на Адем Јашари, како што и Шкендија и Балистите ја нарекуваат арената во Скопје.

Заев не искоментира ниту дали заедно со неговите „пријателчиња“ скандирал за Голема Албанија? И дали не му пречело што навива и ја бодри Шкендија под знамето на крвникот Џемо Хаса?

adem2

Дали и сега треба да очекуваме фотографии од Заев со кренати два прста, или со знамиња, амблеми и други ознаки на Голема Албанија? Впрочем тоа и нема да биде изненадување од Заев, по неговото бесчуствително однесување минатата година во Куманово и за време на митингот во Скопје.

b1

На трибините се случи и тепачка меѓу навивачите во која има и повредени. Се известува дека за време на целиот натпревар Балистите провоцирале со познатата кореографија и сценографија со знамиња на Голема Албанија и УЧК.

b7

b6 b5 b2