ФОТО: Заев – Магнет за криминалци

Во прилог на тезата дека Заев е вистински магнет за криминалци оди и фактот што тој пред два дена на иста маса седеше со уште еден осуден фалсификатор.

Заев оствари средба со делегација на бугарската социјалдемократска партија во чиј состав се наоѓаше бугарскиот политичар Јордан Чипев од Ќустендил кој во Бугарија, но и во Македонија е познат по фалсификување на документи, лажирање на избори и нелегално поседување на забранети материјали.

Како што вчера објавија дел од медиумите политичарот Јордан Чипев, од партијата на Александар Томов, според бугарските медиуми во 2013 година бил приведен во полициската акција во Ќустендил при разбивање на група која изработувала фалсикувани документи, патни исправи и пари.

Но, ова не е единствената афера во која се споменува името  Јордан Чипев. Во 2008 година кај Чипев бил откриен 200 грама синтетички наркотик.

falsifikator-1

Чипев им е познат и на македонските судови. Во 2007 година Чипев беше осуден на 6 месеци условно од судот во Крива Паланка за фалсификување на исправи за возило. Исто така во 2006 година беше замешан во шверц на 33 штеки цигари кои нелегално се обидел да ги внесе од Македонија во Бугарија преку граничниот премин Ѓуешево.

Чипев беше сомничен дека во 2015 година спротивно на законот се обидел на листата за општински советници од неговата партија да вметне имиња на Македонец и Србин кои не биле жители на Ќустендил.

Фотографии на Заев и Чауш

zaev caus

Претходно во јавноста излегоа фотографии од кабинетот на Зоран Заев на кои лидерот на СДСМ се фотографираше со Захир Бекири-Чауш, одговорен за Фабриката за афери во чиј дом беа изработувани фалсификуваните лични карти и пасоши со кои манипулираше неделникот Фокус.