ФОТО: Заев непожелен на македонски натпревари

Не стивнуваат реакциите и осудите за лидерот на СДСМ Зоран Заев по објавената фотографија на социјалните мрежи од натпреварот каде Шкендија беше домаќин на белгиски Гент на Арената „Филип Втори“.

Имено, на натпреварот присуствуваа навивачите на Шкендија кои извикуваа и скандираа против македонската држава, скандираа имиња на балисти, се вееја знамиња на голема Албанија и УЧК, како и транспарент со ликот и името на Џемо Хаса, убиецот на партизаните, додека пак Зоран Заев гордо постави селфи по примерот во Диво Насеље и напиша дека навива за нов успех на Македонија.

zoran-zaev-fb

На јавноста, а посебно на навивачките групи воопшто не им се допадна ова, особено ако се потсетиме на палењето на македонското знаме во 2010 година во Кичево од страна на „Балистите“ кога ги извикуваа истите пароли и скандирања.

zaev-paroli-640x360

Дел од навивачките групи, како што пишува порталот „Курир“ со герила акција му порачаа на лидерот на СДСМ дека веќе не е пожелен и добредојден на ниту еден македонски натпревар, како и му порачаа дека ги имаат Гоце (Делчев), Јане (Сандански) и Даме (Груев), а не Џемо Хаса.

zaev-paroli2-640x360 zaev-paroli3

ckembari-za-zaev

Со своја порака до Заев излезе и член на  битолските Чкембари кои јавно го покани Заев да присуствува на натпревар на Пелистер, порачувајќи му дека нема да си оди од Тумбе Кафе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.