ФОТО: Заложничка драма во Триполи

Пет вооружени напаѓачи нападнале луксузен хотел во престолнината на Либија, Триполи, и во тој напад убиле најмалку тројца чувари.

Маскираните напаѓачи го нападнале хотелот “Коринтија”, на тој начин што прво активирале автомобил бомба на паркингот, а потоа влегле низ урнатиот ѕид на хотелот, вели менаџерот Хасал ал Абеј.

Има наводи, кои не се потврдени, дека станува збор за терористи на Исламската држава.

lllllll

Во време на нападот во хотелот имало гости од Европа и од Турција. Многумина биле евакуирани, како и персоналот, но тие кои не успеале да побегнат, сега се заложници.

Напаѓачите сè уште не изнеле никакви барања.