ФОТО: Заложничка криза во Лондон

Заложничка криза во ресторан во централен Лондон. Според информациите од очевидци објавени на социјалните мрежи на местото има засилено присуство на полиција.

Заложничката криза во моментов се случува во ресторанот Бела Италија, што е лоциран во центарот на Лондон на плоштадот Лечестер.

Еден очевидец што се наоѓа во еден од рестораните на плоштадот објави на Твитер:

Прва ноќ во Лондон и заклучени сме во ресторан и не ни дозволуваат да излеземе затоа што еден маж земал за заложник една жена и се заканува со нож.

kriza-

Засега според информациите заложничката криза не е поврзана со терористички дејствија.

Мажот ја држи жената како заложник против нејзина волја. Инаку напаѓачот најверојатно е поранешен вработен во ресторанот кој држи нож.

Во ресторанот има уште две лица, а се верува дека сите четворица се познаваат од претходно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.