Македонија,Крими хроника

Фото: Запален автомобил во Ново Лисиче

Фото: Запален автомобил во Ново Лисиче

Запален автомобил е причина за зголеменото полициско присуство вечерва во скопско Ново Лисиче.

Како што пренесува Press24 од терен, вечерва околу 22:30 било пријавено дека гори автомобил марка Киа на пракингот пред зградата со број 11 во скопската населба Ново Лисиче. На лице место веднаш се упатила противпожарна екипа, но автомобилот според нашиот репотер веќе бил целосно уништен. Нема инфорамции дали пожарот бил подметант или автомобилот се запалил од други причини.

1

ПОлицијата и пожарникарите го обезбедуваа местото со оглед на тоа што во автомобилот имаше вграден плински уред и постоеше опасност од експлозија.

2

Во мемонтов противпожарните екипи постојано го држат автомобилот под воден млаза за да не дојде до прегревање на резервоарот со плин.

3

За среќа нема повредени, бидејќи во моментот на избивањето на пожарот немало никој во близина.

Untitled

Полициските службеници кои беа на терен велат дека ќе се истражува во какви околности избил пожарот.