ФОТО: Запалени училишта во Куманово нема, уништени се куќи на „Тоде Мендол“

Откако полицијата се повлече од кумановското Диво насеље, локалното население започна со враќање во своите домови, но само во оние делови каде што има електрична енергија. Во искачување кон местото каде што се одвиваа борбените дејства, некои граѓани велат дека воопшто не се мрднале од дома, и тоа што се забележува е дека ниту се запалени основните училишта како што вчера се ширеа шпекулации, ниту пак се познава дека нешто се одвивало таму во последните 48 часа, пренесува порталот Кумановски муабети.

Но, веќе во делот на улицата Тоде Мендол каде се наоѓа исламската џамија, нема електрична енергија, но 20 до 30 куќи во страничните мали улички се целосно уништени од борбените дејствија на полицијата и вооружените групи.

d1

d2

d3

d4

d5

d6

d7

d8

 

ФОТО: Кумановски муабети