(ФОТО) Запалено македонското знаме на митингот во Солун

На протести коишто се одржаа во неделата во Солун, против името Македонија беше запалено Македонското знаме- објави грчкиот портал Thestival.Og

Со грчки знамиња и знамиња со сонцето од Вергина, со слогани дека Македонија е грчка и со плакати со пораки „Македонија била е и ќе биде грчка“,  „Тргнете ги рацете од Македонија“, „Името е нашата душа“ илјадници Грци се собраа во центарот на Солун на протестот за „одбрана на името“.