ФОТО: Завршил факултет во Бања Лука, сега чува овци

Дваесет и четиригодишниот Алмир Хоџиќ кој има дипломирано на Правниот факултет во Бања Лука моментално е вработен како чувар на овци.

Алмир живее во  градчето Љубља во близина на Приједор, Република Српска. Тој секој ден работи на поле каде вози трактор, а се занимава со сточарство и други земјоделски работи.

Хоџиќ на Правниот факултет се запишал во 2009 година и го завршил по четири години во предвидениот рок. Од октомври минатата година, кога дипломирал, конкурирал за неколку работни места и испраќал отворени молби, но засега сите неговите обиди да пронајде работа биле безуспешни, па така се решил на овој чекор.