петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 61

Заврши изградбата на ПЕТ Центарот (ФОТО)

Станува збор за еден од најсложените здравствени објекти во историјата на Македонија но и пошироко во регионот со најсовремена опрема вклучително и циклотрон за прозиводство на изотопи нешто што нема од Атина до Виена или од Истанбул до Виена, рече министерот Тодоров.

Заврши изградбата на ПЕТ Центарот

Заврши изградбата на ПЕТ Центарот

Последни вести

Со изградбата на Јавната здравствена установа УИ ПЕТ ЦЕНТАР во Скопје, Македонија се позиционира на едно повисоко ниво на здравствена мапа  и сериозно го подигнува нивото на можноста за давање на здравствени услуги и на можноста за најсовремена дијагностика и врвна научно истражувачка работа.

pet8

Објектот е комплетно изграден и е со површина од околу 2.600 м2, а на настанот по повод завршувањето на градежните работи на објектот присуствуваше министерот за здравство Никола Тодоров, премиерот за спроведување на избори Емил Димитриев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

pet7

-Станува збор за еден од најсложените здравствени објекти  во историјата на Македонија но и пошироко во регионот со најсовремена опрема вклучително и циклотрон за прозиводство на изотопи нешто што нема од Атина до Виена или од Истанбул до Виена, рече министерот Тодоров.

pet6

Изградбата на објектот и опремата која ќе биде во состав на ПЕТ Центарот е во инос од 16 милиони евра.

Сите процеси во Центарот се одобрени од Меѓународната агенција за атомска енергија и целото производство треба да биде валидирано и сертифицирано од неа.

pet4

-Бевме информирани дека веќе е произведен првиот изотоп и дека за понатаму се планира добивање на сите потребни документи од домашни и меѓународни институции и дека во скора иднина ќе имаме можност овој центар да биде ставен на услуга на граѓаните, рече Димитриев.

Овој процес на валидација веќе почна со првото производство на изотоп кое се случи на 11 декември 2015 година и ќе трае најмалку девет месеци по што ќе следи финална проверка од Агенцијата закажана за последниот квартал од годинава, која ќе опфаќа и работа со пациенти. Тоа значи дека претходно треба да се почне и со пациенти, нешто што би се случило за најмалку девет месеци.

pet3

-Оваа институција е за прв пат во регионот и во пошироки рамки и е здравствена институција која што во себе интегрира систем на фармацевтско производство, ние тука имаме една фабрика на радио-фармацевтрски препарати и имаме клиника. Така да сето она што на пациентите ќе има биде достапно од делот на високо специфични молекули кои што треба да бидат етаблирани и како клинички студии ќе бидат достапни, појасни Емилија Јанчевиќ-Ивановска, директор на ПЕТ Центарот.

pet1

Инаку, позитронската емисиона томографија претставува нуклеарно-медицинска визуелизациска техника со која се добива тродимензионално прикажување и мапирање на функционалните процеси во телото. Воедно, претставува нов чекор во евалуацијата на функционалните и малигни метаболни промени во организмот на пациентите, а се користи во областа на онкологијата, хематологијата, кардиологијата и неврологијата, а во поново време и во детската патологија.

pet

ПЕТ Центарот ќе обедини во себе повеќе функции: Оддел за производство на краткоживечки радиоактивни изотопи со позитронски емитери, со инсталација на циклотрон, Оддел за синтеза, производство и контрола на квалитет на ПЕТ-радиофармацевтици, Оддел за развој и истражување за обележување и контрола на квалитет на радиофармацевтици за терапија со бета/гама емитери, клинички оддел за ПЕТ дијагностика итн.

Најчитани вести