ФОТО: Здравствен дом „Железничар“ доби нови апарати

Биохемиски анализатор, дермоскоп за детекција на дерматитис, ултразвучен дензитометар за следење на густината на коските кај остеопороза… Јавната здравствена установа „Железничар“доби нови апарати. Новите апарати ќе одговорат на барањата на зголемениот број на пациенти во оваа здравствена установа.

Во изминатиот период е набавена опрема во вредност од околу 2 милиони денари. Исто така добија и комплетно нов парат во биохемиската лабораторија на наменета за биохемиски анализи со што двојно се зголеми капацитетот на оваа здравствена установа од 200 анализи на 400 анализи дневно. Но не само и бројот туку и видот на анализи кои што претходно не се правеле а сега ќе можат да се прават, појасни министерот за здравство Никола Тодоров кој денеска беше во посета на Здравствен дом „Железничар“.

zeleznicar

Во оваа здравствена установа од приватно во јавно здравство беа превземени 5 специјалисти, а 8 доктори беа испратени на едукација во странство и тоа во Словенија, Турција и Бугарија.

Гледаме сите доктори кои што ги имаме во јавното здравство да ги пратиме на едукација во странство и со тоа да помогнеме во воведување на нови методи. Како резултат на тоа е воведена и нова метода во офталмологија и можам да констатирам дека имајќи го во предвид зголемувањето на бројот на пациенти и новата опрема која што се набавила како и воведувањето на нови методи, можам да заклучам дека оваа здравствена установа функционира одлично, заклучи Тодоров.

zeleznicar3

Во Здравствениот дом  „Железничар“ има вкупно 9 матични лекари од кои 8 се специјалисти по семејна медицина а еден доктор е специјалист педијатар.

Над 1000 пациенти дневно поминуваат во нашиот здравствен дом. Во некои случаи и повеќе како на пример кога има зголемен број на систематски прегледи, биејќи здаваме и лекарски уверенија за возачи, странски државјанства, појасни директорката на Здравствен дом „Железничар“ Соња Тасевска-Васиќ.