Свет

ФОТО: Земјата проголта автомобил во Британија

ФОТО: Земјата проголта автомобил во Британија

Деветметарска дупка проголта автомобил во Велика Британија.

Големата  дупка се отворила во дворот на куќата на Фил Конран во британскиот град Хај Вујкомб.

Во тој миг таму бил паркиран автомобилот кој земјата буквално го проголтола. За среќа, нема повредени.

Автомобилот бил на неговата ќерка Зои, која вели дека го паркирала во неделата вечерта, а следното утро на тоа место имало само голема дупка.

Семејството е евакуирано од куќата, а локалните власти истражуваат дали има опасност на тоа подрачје.