Македонија,Крими хроника

ФОТО: Жена загина, петмина тешко повредени во сообраќајка кај Демир Хисар

ФОТО:  Жена загина, петмина тешко повредени во сообраќајка кај Демир Хисар

Триесет и шестгодишната М.М. од демирхисаркото село Журче загина во сообраќајна несреќа која утринава во 4 часот се случила на патот Битола – Кичево на 200 метри од излезот од село Лопатица кон Демир Хисар.

Несреќата се случило кога дошло до судир меѓу патничко возило марка “БМВ“ управувано од Н.Н. (37) од село Журче, демирхисарско, и трактор марка “ИМТ“ управувано од З.М. (41) исто така село Журче, демирхисарско. Од несреќата, поради тежините на повредите, М.М. (36) сопатник во тракторот починала на пат до битолската општа болница, додека пак 14 годишната С.М., В.М. (63) сопатници во тракторот како и возачот на истиот М.З. се здобиле со тешки повреди, но се надвор од животна опасност, информираат од полицијата. Лицата кои се превезувале со тракторот на членови на едно семејство.

 

Сопатничката од БМВ-то Н.М. (29) исто така се здобила со тешки повреди, а кај возачот на “БМВ-то“ биле констатирани телесни повреди. Станува збор за сопружници.

На место на настанот извршен е увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

ФОТО: ТВ Орбис