ФОТО: Жешка фотосесија на Кендал Џенер

Славниот бренд Келвин Клајн објави уште фотографии од новата кампања за долна облека во која главната улога ја има згодната Кендал Џенер.

Таа на фотографиите позира облечена во црна долна облека од најновата колекција во која секојдневниот стил е помешан со секси детали.

kendal-1

Кампањата ја прикажува храбрата, гора жена што храбро чекори во животот.

Дваесетгодишната манекенка во последните неколку години сними голем број разголени кампањи и едиторијали но и понатаму признава дека има проблеми со една од нејзините највпечатливи особини – со срамежливоста.

kendal-2

Додека растев не ми беше важно што сум срамежлива. На некој начин тоа ми се допаѓаше. Моите сестри се многу погласни од мене па беше ОК да немам што да кажам, вели Кендал.

kendal-3

Откако работи во модната индустрија, таа малку се ослободи и се опушти, но вели дека станува срамежлива меѓу луѓето што ја прават нервозна.